НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ

НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ

2024

НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ ЗА 2024

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ЗА ЛИТЕРАТУРА И ИЛУСТРАЦИЈА ЗА ДЕЦА „ЛИТЕРА

МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ЕФЕКТИВА

“Литера” е меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца во чии рамки се одржуваат широк спектар активности наменети за различни целни групи – стручната јавност, издавачките куќи (литература за деца и млади), децата од школска и претшколска возраст, родителите, илустраторите и книжевниците. 
Квалитетната литература за деца е од исклучително значење за развојот на идните генарации и градење современо мултиетничко и инклузивно општество. Една од главните цели на „Литера“ е токму популаризација на литературата за деца и млади и подигнување на свеста кај родителите и децата за важноста која таа го има за правилниот интелектуален, но и емоционален развој. 
Македонија е земја богата историја, традиција, култура која заслужува да биде раскажувана и прераскажувана. Најубавите приказни доаѓаат од малите земји. Верувам дека доаѓаат се подобри времиња кога е во прашање литературата за деца и млади.

2023

НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ ЗА 2023

ЗИМСКА ПРИКАЗНА

ОПШТИНА БИТОЛА

„Зимска приказна„ се реализира како предновогодишна културно-туристичка атракција, со целодневна програма во 10 дена, на повеќе локации: Старата чаршија, Офицерски дом, Широк сокак и врвот Пелистер. Програмата вклучува концерти на отворено, локални изведувачи, и „новогодишни базари„, со цел поддршка на локалната економија, промоција на автентичните традиционални производи, како и прекрасна анимација за најмладите. Зимска приказна започна на 23.12.2023 а програмскиот концепт беше заокружен со настанот „Први на први„ и полноќното искачување на Пелистер. Зимска приказна е фестивал со над 300 часови активна програма, 62 проекти и над 2.000 учесници.

2022

НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ ЗА 2022

ТАКСИРАТ

ПАСВОРД ПРОДАКШН

Таксират Фестивал – приказна започната во 1999 година, која веќе 25 години има исклучително значајна улога во изградбата на „ново“ и подобро Скопје. Од скромни почетоци, денес на сцената на Таксират настапуваат големи светски и регионални музички ѕвезди, но фестивалот сè уште не ја преминува границата на комерцијален меинстрим и успева да го задржи својот оригинален мотив што е цврсто заснован на идеалите и вербата во значењето на контракултурата.

Scroll to Top