ЈА СЛАВИМЕ КРЕАТИВНОСТА ,
ГИ НАГРАДУВАМЕ НАЈДОБРИТЕ

ЈА СЛАВИМЕ КРЕАТИВНОСТА !


БЕАМ (Best of Еvent Аwards Macedonia) е професионална награда која се доделува на компании, агенции и институции за најдобрите и најквалитетните настани за изминатата година.

КАТЕГОРИИ

ГИ ИЗБИРАМЕ НАЈДОБРИТЕ ВО 12 КАТЕГОРИИ

НАЈДОБАР КУЛТУРЕН НАСТАН

НАЈДОБАР КУЛТУРЕН НАСТАН

Културни настани кои вклучуваат јавен ангажман, носат културни и естетски вредности и пораки (на пр. изложби, театарски претстави, танц, перформанси, мултимедијални настани)

НАЈДОБАР МУЗИЧКИ НАСТАН

НАЈДОБАР МУЗИЧКИ НАСТАН

Музички настани, повремени или традиционални, чија основа ја имаат музиката и настапите во живо

НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ

НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ

Културни, музички или уметнички фестивали, настани кои се одржуваат годишно или повремено и кои се препознаени во јавноста по својата традиција

НАЈДОБАР КОРПОРАТИВЕН НАСТАН

НАЈДОБАР КОРПОРАТИВЕН НАСТАН

Деловни настани наменет за остварување на цели на компанијата (наградување, ангажирање или едукација на вработени, партнери, акционери или клиенти) како што се на пример конференции, семинари, годишни состаноци, корпоративни забави, прослави, награди итн.

НАЈДОБАР САМИТ, КОНГРЕС ИЛИ КОНФЕРЕНЦИЈА

НАЈДОБАР САМИТ, КОНГРЕС ИЛИ КОНФЕРЕНЦИЈА

Едукативни и научни настани, собири, семинари, за презентирање и дискусија за одредена тема од заеднички интерес насочена кон публика различна од организаторот.

НАЈДОБАР НАСТАН ЗА БРЕНД АКТИВАЦИЈА / ПРОМОЦИЈА НА НОВ ПРОИЗВОД ИЛИ УСЛУГА

НАЈДОБАР НАСТАН ЗА БРЕНД АКТИВАЦИЈА / ПРОМОЦИЈА НА НОВ ПРОИЗВОД ИЛИ УСЛУГА

Настани кои ја слават уметноста на давање на живот на брендовите, преку кои брендот се промовира и се поврзува директно со потрошувачите.  Настани на кој главната цел им е лансирање или промоција на бренд, производ или услуга.

НАЈДОБАР ЕКСПО (САЕМ) НАСТАН

НАЈДОБАР ЕКСПО (САЕМ) НАСТАН

Настани кои покриваат општествени прашања, се организираат за јавно добро и се со непрофитни цели.

НАЈДОБАР ПРЕС / ПР НАСТАН

НАЈДОБАР ПРЕС / ПР НАСТАН

Настани конкретно наменети за новинари или влијателни личности, како што се прес-конференции, прес-презентации, настани наменети за креирање на содржини за традиционалните или современите медиуми.

НАЈДОБАР ХУМАНИРАТЕН НАСТАН

НАЈДОБАР ХУМАНИРАТЕН НАСТАН

Настани кои покриваат општествени прашања, се организираат за јавно добро и се со непрофитни цели.

НАЈДОБАР НАСТАН НА ДРЖАВНА/ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА

НАЈДОБАР НАСТАН НА ДРЖАВНА/ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА

Настани организирани од јавни институции (на пр., локални самоуправи, градски совети, влада, итн.), како што се културни настани, фестивали, конференции, државни настани итн.

НАЈДОБАР СПОРТСКИ НАСТАН

НАЈДОБАР СПОРТСКИ НАСТАН

Спортски настани фокусирани на спортот, комбинирани со шоу и забава на оригинален и привлечен начин.

НАЈДОБРА (БТЛ) АГЕНЦИЈА ЗА НАСТАНИ

НАЈДОБРА (БТЛ) АГЕНЦИЈА ЗА НАСТАНИ

Компании и агенции чиј фокус е организација на настани.

ЖИРИ 2025

Ана Зафирова

фриленс новинарка и експертка по комуникации

Анета Андонова

Одговорен уредник на Прв Програмски серис, МРТ 1

Антоанела Петровиќ

Директор на маркетинг и маркетинг на купувачи во Жито Лукс

Борис Ефтимовски

Основач на Маркетинг365

Бранко Илиевски

Спортски новинар,
МРТ

Ванчо Богоев

Дипломиран продуцент, технички директор на МКЦ

Вардан Тозија

филмски и ТВ режисер

Василка Салевска Трајкова

Менаџер за екстерни прашања, Phillip Morris International

Душан Марковиќ

Корпоративен маркетинг и ПР директор – Малиќи Груп

Ели Пешева

директорка за комуникации, Њу Момент – Скопје

Коста Петров

Основач и извршен директор, Пи Ворлд

Лара Чашуле

Директор за сервис на клиенти во Меккен Скопје

Маја Андоновска Илијевски

Директорка на НУ Центар за култура Битола
актерка во НУ Битолски Народен Театар

Марта Наумовска Грнарова

Генерален менаџер, Завар

Милчо Александров

Дизајнер на светло

Мишко Караџоски

Executive manager
Skymusic

Огнен Јанески

ТВ лице, автор, модератор и меѓународен консултант

Полексена Јанкуловска

Маркетинг директор во Бимилк и регионален маркетинг менаџер во Имлек

Татјана Лопарски

Сопственик и извршен директор на Елемент ПР

Тони Димков

Новинар

Видете ги членовите на жирито од претходните години.

  • РАНА ПРИЈАВА

  • 7000ДЕН до 31.12.2024

  • За членовите на ИВАП
    30% ПОПУСТ
  • За повеќе од една пријава, секоја наредна е со
    10% ПОПУСТ
  • За најдобар културен настан
    50% ПОПУСТ
  • Најдобар хуманитарен настан
    БЕСПЛАТНО
  • Рок за аплицирање
    31.01.2025
  • СУПЕР РАНА ПРИЈАВА

  • 5000ДЕН до 30.11.2024

  • За членовите на ИВАП
    30% ПОПУСТ
  • За повеќе од една пријава, секоја наредна е со
    10% ПОПУСТ
  • За најдобар културен настан
    50% ПОПУСТ
  • Најдобар хуманитарен настан
    БЕСПЛАТНО
  • Рок за аплицирање
    31.01.2025
  • РЕДОВНА ПРИЈАВА

  • 9000ДЕН до 31.01.2025

  • За членовите на ИВАП
    30% ПОПУСТ
  • За повеќе од една пријава, секоја наредна е со
    10% ПОПУСТ
  • За најдобар културен настан
    50% ПОПУСТ
  • Најдобар хуманитарен настан
    БЕСПЛАТНО
  • Рок за аплицирање
    31.01.2025

Уплатата на котизација се врши на трансакциска сметка на Асоцијација на ивент индустрија ИВАП Скопје,
ЕДБ 4057020550623,
300-0000044984-11,
Депонент Комерцијална Банка.
По извршената уплата ќе добиете фактура на маил.

Станете партнер на БЕАМ ФЕСТИВАЛ! 

НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ

Кликнете на насловите за повеќе информации.

Општи услови и правила.

ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА

1. Организатор на БЕАМ Фестивалот е Асоцијацијата на ивент индустрија Скопје ИВАП.
2. Апликациите мора да се однесуваат за настаните кои се одржале во календарската 2024 година (01.01.2024 – 31.12.2024).
3. Пријавените настани може да бидат комерцијални или некомерцијални, организирани од правни лица од индустријата за настани со седиште во Република Македонија, вклучувајќи агенции за настани, односи со јавноста, комуникации, промоции, рекламирање и веб-агенции, рентал агенции, корпорации, државни или локални институции, здруженија, невладини и непрофитни организации, угостителски капацитети, итн.
4. Секој настан/компанија може да биде пријавен во една или повеќе категории.
5. Контакт информациите на клиентот мора да бидат наведени во пријавата. Организаторот го задржува право на контакт со клиентот, доколку е потребно.
6. Пријавите нема да се сметаат за целосни се додека не се комплетираат сите потребни чекори (достава на Апликација, дополнителен материјал, изјава на апликантот и клиентот и уплата на котизација) во согласност со роковите за пријавување.
7. Еднаш поднесена пријава не може да биде повлечена или откажана.
8. Не се прифатливи замени или дополнувања на веќе поднесена пријава. Проектите со нецелосна пријава или неплатена котизација нема да влезат во конкуренција.
9. Македонскиот јазик е официјален на БЕАМ, и сите доставени материјали кои се на различен јазик од македонскиот мора да бидат преведени и/или титлувани.
10. Целиот материјал потребен за аплицирање и плаќањето на котизацијата мора да бидат примени до 31 јануари 2024 до 23:59 часот.
11. Организаторот го задржува правото за промена на роковите без да дава образложение за истото.
12. Секој апликант задолжително мора да обезбеди писмена потврда дека клиентот/компанијата се согласува да учествува на БЕАМ.
13. За време на церемонијата, наградата ќе биде доделена само на кандидатот што ја поднел апликацијата и ја платил котизацијата, без оглед на бројот на организатори наведени во формуларот за регистрација на настанот.
14. Апликантот гарантира дека сите материјали кои ќе ги достави се негова сопственост и немаат никакви оптоварувања од трети лица.
15. Апликантот се согласува да ги преземе на свој трошок сите евентуални побарувања што би произлегле од страна на трети лица кон Организаторот а кои се поврзани со учеството на Апликантот.
16. Апликантот се согласува дека Организаторот на БЕАМ има право да ја оценува нивната апликација и доставените материјали и да прогласат победник во одредена категорија
17. Апликантот се согласува дека доколку влезе во потесниот избор за награда, ќе обезбеди претставник за да присуствува на церемонијата на доделување за да ја прими наградата ако евентуално е победник.
18. Доколку Апликантот не испрати претставник на настанот, но е прогласен за победник, организаторите го задржуваат правото, за победник да го прогласи второрангираниот на листата во соодветната категорија а чиј претставник е присутен на церемонијата
19. Апликантот кој освоил награда, му дава дозвола на Организаторот да ги користи доставените фотографии, видео, звук, пишан и друг материјал за промовирање на БЕАМ и наградите
20. Организаторот го задржуваат правото да не се додели награда во одредена категорија а по претходна консултација со жири комисијата
21. Спонзорска или партнерска компанија не може да се натпреварува во категоријата што ја спонзорираат.
22. Добитниците на наградите можат во рамки на сопствените промотивни цели да наведуваат дека се победници со задолжително јасно наведување на логото и името на фестивалот, категоријата и годината во која победиле
23. Сите добитници на награди ќе бидат јавно објавени по доделувањето на веб страната на БЕАМ www.beamfestival.mk и на социјалните мрежи на БЕАМ.
24. Со самото аплицирање на БЕАМ, апликантите се согласни да ги почитуваат условите и конечните одлуки на жирито. Организаторот го задржува правото да ги користи и објавува учесниците и нивните имиња онлајн, во печатот или на кој било друг начин и во врска со овој настан. Сите апликации регистрирани на БЕАМ ќе бидат јавно објавени од организаторите.
25. Прифаќањето на овие услови е дозвола за организаторот да користат имиња и материјали за едукативни и промотивни цели без дополнителни трошоци. Учеството на БЕАМ учесниците ги ослободуваат организаторите од каква било одговорност или повреда на авторските или сродните права.

ГАЛЕРИЈА

Галерија 2024

Контакт

За сѐ што е потребно, ние сме тука да помогнеме!

Да ви помогнеме ако за прв пат аплицирате на Фестивалот
Да ви помогнеме да ја одберете вистинската категорија
Да ги споделиме сите потребни информации
Да ви дадеме информации за цените и роковите

ПАРТНЕРИ

МЕДИУМСКИ ПАРТНЕРИ

Scroll to Top