За нас
БЕАМ (Best of Еvent Аwards Macedonia) е професионална награда која се доделува на компании, агенции и институции за најдобрите и најквалитетните настани за изминатата година. За наградите одлучува стручно жири составено од истакнати професионалци од креативни, маркетинг, ПР и ивент агенции, продукциски куќи и компании од Македонија.
БЕАМ е фестивал кој има за цел да им оддаде признание на креативните идеи и настани, но и да се потенцира и поттикне важноста на настаните во маркетинг плановите на клиентите и компаниите. БЕАМ ја слави креативноста, уникатноста, иновативноста и вредната и напорна работа на сите актери во индустријата за организација на настани.
Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП е основана во 2020 година од повеќе компании вклучени во индустријата за организација на настани, рентал компании, видео продукции и поддршка на истите.

Организатор на БЕАМ е Асоцијацијата на ивент индустрија ИВАП Скопје.

Како професионалци во индустријата за организација на настани, ние ја сакаме нашата професија и сакаме таа да биде препознаена како и нејзиниот економски потенцијал и сериозноста. Со заедничка соработка, ние можеме да им помогнеме на нашите членови и нивните клиенти да ги надминат предизвиците, да воспостават иницијативи за решавање на проблемите и да работиме заедно за да развиеме повеќе можности за нашата индустрија.
Промовираме креативност, поставуваме нови стандарди и формати, разменуваме искуства, развиваме стратегии и заложби за интеграција на европските процеси за развој и напредок во секој сектор.