2024

2024

ГРАН ПРИ 2024

НАЈДОБАР НАСТАН ЗА 2024

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ХИП ХОП

ПИПЛ МЕДИА

Македонија имаше ретка можност дa организира две светски првенства во иста година (ХипХоп и Латино). 
Реализацијата на Светско првенство во ХипХоп 2024 кое се одржа во СЦ Борис Трајковски, беше круна на работата на клубот БрејкАЛег, кој во функција на организатор ја доби довербата од Светската танцова федерација, Скопје повторно да биде домаќин на едно значајно натпреварување на кое учество земаа 5,020 натпреварувачи од 35 земји од светот. 
Пипл Медиа како дел од организацијата и официјален медиумски партнери за IDO HipHop World Championship2024 во Скопје, успешно ја реализираше својата медиумска експертиза од светска класа во реализацијата на еден ваков настан. 

2024

НАЈДОБАР СПОРТСКИ НАСТАН ЗА 2024

НАЈДОБАР НАСТАН НА ДРЖАВНА/ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА ЗА 2024

МЕЃУНАРОДНА РЕГУЛАТОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ИДЕА ПЛУС 360° КОМУНИКАЦИИ

Меѓународната регулаторна конференција на Агенцијата за електронски комуникации е водечки настан во регионот кој ги поврзува врвните експерти, регулаторни тела и индустриски лидери во сферата на електронските комуникации.
Во 2024 година, конференцијата направи исклучителен исчекор во дигитализацијата, бидејќи за првпат во својата историја беше целосно модерирана од вештачка интелигенција. Овој пионерски пристап донесе револуционерно искуство, поставувајќи нов стандард за конференции од ваков тип.
Компанијата ИДЕА Плус 360° Комуникации беше одговорна за целокупната организација, продукција и логистика на конференцијата, при што обезбеди беспрекорна изведба и врвен Квалитет.

2024

НАЈДОБАР ХУМАНИТАРЕН НАСТАН ЗА 2024

ABILITY AWARDS

АБИЛИТИС НЕТ

ABILITY AWARDS е уникатен настан кој ги слави и наградува достигнувањата во инклузијата и различноста. Организиран на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, оваа гала вечер истакна 40 лица со попреченост, а награди 20 добитници, вклучувајќи 10 лица со попреченост и 10 компании и институции во различни категории, кои се залагаат за инклузивност и еднакви можности. Овој ИМПАКТ настан претставува платформа каде што водечките бизнис лидери, дипломати, и инспиративни членови на заедницата се собраа за да оддадат признание на најдобрите практики во корпоративната социјална одговорност и инклузија, пред 340 избрани гости. Настанот беше сниман од МРТВ, а стримуван во живо од МИА. Беа повикани и присуствуваа 10 амбасадори, 3 министри, 2ца заменици министри, членови од протоколот на претседателката Гордана Сињановска Давкова, бизнис лидери, лица со попреченост. 

2024

НАЈДОБАР ЕКСПО НАСТАН ЗА 2024

SKOPJE WHISKEY FEST

БОТТЕГА ЕВЕНТИ

Скопје Виски Фест 2024 уште еднаш ја донесе светската виски култура во срцето на Скопје, нудејќи незаборавно искуство за љубителите на вискито. Во организација на Боттега Евенти, фестивалот собра врвни виски брендови – од шкотски и ирски класици до американски бурбони и јапонски реткости. На ова три дневно издание на Скопје Виски Фест кое се одржа од 31 октомври до 02 ноември, посетителите дегустираа 88 етикети на виски од различни светски дестилери, стручно и професионално водени од експертите на оваа област. Ова издание беше посебно и поради воведувањето на новиот софтверски систем за билети и бесконтактно плаќање, што го направи искуството на посетителите уште попрактично и модерно. Со богата дегустациска програма и едукативни сесии, фестивалот повторно докажа зошто е омилен на љубителите на вискито.

2024

НАЈДОБАР НАСТАН ЗА БРЕНД АКТИВАЦИЈА ЗА 2024

100 ГОДИНИ СКОПСКО

ПУБЛИЦИС ГРУП

Цели 100 години, Скопско е пиво кое се сака и се пие во секое ќоше од нашата земја. Па од таму следува прашањето како да се прослави големата стотка ако не со незаборавна и уникатна забава што го носи препознатливиот дух на Скопско низ цела Македонија. Така настана Скопско Караванот. Незаборавно музичко искуство во 8 градови со 15 настани и 200 македонски музичари. Публиката уживаше во иновации како првата интерактивна Скопско гајба, дигитално Скопско шише, мини музеј, вкусна храна и многу ладно пиво. Првото Скопско дрон шоу, најголемата здравица, видео мапинг и тунелот од ласери заедно со специјалната стена на главниот настан создадоа уникатно искуство што ги обедини сите генерации. Скопско караванот за големата стотка го посетија неверојатни 100.000 посетители. Настанот успешно ја зголеми видливоста на брендот и најважно донесе многу забава во секој град што го посети!

2024

НАЈДОБРА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА 2024

КОНФЕРЕНЦИЈА НАУКА ЗА ДЕЦА

ФОНДАЦИЈА КАНТАРОТ СКОПЈЕ

Конференцијата „НАУКА ЗА ДЕЦА“ е првата детска научна конференција во Македонија, одржана по трет пат во 2024 година под мотото „Надгради ја твојата реалност.“ Настанот носи свежи идеи преку: 
• Учество на деца како предавачи на актуелни научни теми, менторирани од најуспешните македонски научници во странство 
• Користење на виртуелна реалност за интерактивно учење. 
• Изложба за француска наука „Parlez-vous fran-sci?“ во соработка со Францускиот Институт 

2024

НАЈДОБАР КОРПОРАТИВЕН НАСТАН ЗА 2024

ХАЛКБАНК: ТРАЈНИ КУЛТУРНИ ВРЕДНОСТИ

МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ЕФЕКТИВА

Традиционалната македонска кујна и нотите на Дуке Бојаџиев – инспирација за 3. „Трајни културни вредности“ корпоративен настан на Халкбанк АД Скопје 
Традиционалната македонска храна, доловена преку уметнички дела и текстуални приказни, како и традиционалната музика во изведба на нашиот реномиран музичар Дуке Бојаџиев, беа во фокусот на „Трајни културни вредности“, во организација на Халкбанк. Во прекрасниот амбиент на Чифте амам во Старата скопска чаршија, присутните имаа можност да се впуштат на мало патување во традицијата и наследството, преку допир до сите сетила.
Уште од самиот влез, гостите беа пречекани со слатко и локум од девојки облечени во народни носии, како потсетник на македонското гостопримство. Во просториите на Чифте амам беа поставени традиционални трпези што изобилуваа со вкусови и бои од сите краишта на Македонија, како и уметничките дела, инспирани од македонската храна. 
Несекојдневното доживување на вечерта беше и музичкиот перформанс на големиот Дуке Бојаџиев, заедно со Габриела Новевска, Владимир Крстев и Наташа Петровиќ, кој преку звуци и поезија ја пренесе магијата на македонското културно наследство.

2024

НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ ЗА 2024

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ЗА ЛИТЕРАТУРА И ИЛУСТРАЦИЈА ЗА ДЕЦА „ЛИТЕРА

МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ЕФЕКТИВА

“Литера” е меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца во чии рамки се одржуваат широк спектар активности наменети за различни целни групи – стручната јавност, издавачките куќи (литература за деца и млади), децата од школска и претшколска возраст, родителите, илустраторите и книжевниците. 
Квалитетната литература за деца е од исклучително значење за развојот на идните генарации и градење современо мултиетничко и инклузивно општество. Една од главните цели на „Литера“ е токму популаризација на литературата за деца и млади и подигнување на свеста кај родителите и децата за важноста која таа го има за правилниот интелектуален, но и емоционален развој. 
Македонија е земја богата историја, традиција, култура која заслужува да биде раскажувана и прераскажувана. Најубавите приказни доаѓаат од малите земји. Верувам дека доаѓаат се подобри времиња кога е во прашање литературата за деца и млади.

2024

НАЈДОБАР МУЗИЧКИ НАСТАН ЗА 2024

Scroll to Top