НАЈДОБАР ЕКСПО НАСТАН ЗА 2024

SKOPJE WHISKEY FEST

БОТТЕГА ЕВЕНТИ

Скопје Виски Фест 2024 уште еднаш ја донесе светската виски култура во срцето на Скопје, нудејќи незаборавно искуство за љубителите на вискито. Во организација на Боттега Евенти, фестивалот собра врвни виски брендови – од шкотски и ирски класици до американски бурбони и јапонски реткости. На ова три дневно издание на Скопје Виски Фест кое се одржа од 31 октомври до 02 ноември, посетителите дегустираа 88 етикети на виски од различни светски дестилери, стручно и професионално водени од експертите на оваа област. Ова издание беше посебно и поради воведувањето на новиот софтверски систем за билети и бесконтактно плаќање, што го направи искуството на посетителите уште попрактично и модерно. Со богата дегустациска програма и едукативни сесии, фестивалот повторно докажа зошто е омилен на љубителите на вискито.

Scroll to Top