2023

2023

СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА 2023

АЕРОМИТИНГ „100 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА АВИЈАЦИЈА“

АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ

Аеромитинг по повод 100 години постоење на Аероклуб Скопје и воедно 100 години Македонска авијација. 
30.000 посетители уживаа во акробатско летање на 39 авиони кои правеа прелети во група и низок прелет на патнички авион. Падобранците го развеаа најголемото државно знаме влечено со падобран. 
Покрај акробатските летови учествуваа и хероите на летните пожари со трите Air Tractor, владиниот авион, полициски и воени хеликоптери… 
Специјални гости беа Мигови и Ласти на Српската војска, тимот на The Flying Bulls и Светскиот акробатски шампион Роман Фхал. 
На аеромитингот беше изложен и единствениот Македонски воздухоплов дизајниран и произведен од членови на Аероклубот, наречен „Илинденка“. 
Учествуваа и 70 волонтери, 10 пожарникари, две екипи на Прва помош, екипа на Црвен крст и 50тина припадници на безбедносните структури. 
Беа присутни 60 новинари и фотографи и 167 вести во различни медиумски формати беа објавени во периодот на подготовката и после настанот.

2023

НАЈДОБРА АУТСОРСИНГ КОМПАНИЈА ЗА 2023

О3 ИНВЕСТ

О3 ИНВЕСТ

О3 ИНВЕСТ ДООЕЛ, Скопје, е приватна компанија која обезбедува професионални услуги за организација на настани и изнајмување на опрема за настани.
Нашиот тим од експерти, користејќи ја моќта на знаењето, дигиталната технологија и иновациите, за нашите клиенти обезбедува соодветни и иновативни решенија кои создаваат препознатливи и атрактивни настани кои оставаат силен впечаток кај посетителите.

2023

НАЈДОБРА РЕНТАЛ КОМПАНИЈА ЗА 2023

03 ИНВЕСТ

03 ИНВЕСТ

О3 ИНВЕСТ ДООЕЛ, Скопје, е приватна компанија која обезбедува професионални услуги за организација на настани и изнајмување на опрема за настани. Нашиот тим од експерти, користејќи ја моќта на знаењето, дигиталната технологија и иновациите, за нашите клиенти обезбедува соодветни и иновативни решенија кои создаваат препознатливи и атрактивни настани кои оставаат силен впечаток кај посетителите. 

2023

НАЈДОБРА (БТЛ) АГЕНЦИЈА ЗА НАСТАНИ ЗА 2023

ПУБЛИЦИС ГРУП

ПУБЛИЦИС ГРУП

Publicis Groupe  е еден од 3-те најголеми маркетинг холдинзи во светот. Канцеларијата на Публицис кај нас функционира преку 27 години и е еден од лидерите во маркетинг индустријата во Македонија. Публицис е “one stop shop” што подразбира дека покриваме најширок спектар на маркетинг услуги и ги нудиме сите клучни комуникациски решенија: медиски закуп, ПР, стратешко планирање, креативни стратегии, дигитални и СМ кампањи, SEO, аудио и видео продукција итн. А нашиот оддел за настани нуди и комплетно смислување и техничка реализација на какви било настани и активации – почнувајќи од теренски промоции од мали размери, се до настани за десетици илјади посетители.

2023

НАЈДОБАР СПОРТСКИ НАСТАН ЗА 2023

ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН

СОЈУЗ НА СПОРТОВИ НА СКОПЈЕ

Виз Ер Скопски маратон е најголемиот спортски настан во Македонија кој во 2022 година го имаше своето 18-то издание со 8700 учесници од 47 земји од целиот свет, поделени во 4 трки (маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5км). Виз Ер Скопскиот маратон веќе години наназад е на мапата на светски маратони за што има и сертификат од АИМС (Меѓународна Асоцијација за маратони и улични трки) и Светска Атлетика, и привлекува голем број странски натпреварувачи со што се зголемува туристичката понуда на Скопје и Македонија. Во изминатите години Виз Ер Скопскиот маратон придонесе за популаризација на трчањето и се поголем број наши граѓани да се бават со трчање, а исто така поттикна во другите градови во Македонија да почнат да се организираат улични трки. Виз Ер Скопскиот маратон е во организација на Сојуз на спортови Скопје, а е помогнат од Град Скопје, Агенција за млади и спорт, Канцеларијата на ЕУ во Скопје и од голем број на компании од државата.

2023

НАЈДОБАР НВО НАСТАН ЗА 2023

ИГРАМЕ ЗАЕДНО ПАК

АУТИЗАМ ААМК

Овој настан е четврт по ред во организација на „Аутизам ААМК„. Како и претходните, така и „Играме заедно пак„ е посветен на зголемување на свесноста за аутизмот, прифаќање, почитување и инклузија на лицата со оваа состојба во секојдневието. Преку игри, музика и други забавно-едукативни активности успеавме да покажеме и докажеме дека сите деца, иако различни пред се се деца кои сакаат да играат и растат заедно. Настанот е помогнат од бројни компании и индивидуалци, стручни лица и голем број волонтери кои тој ден, но и сите претходни примпремни денови несебично се вложуваат и ја покажуваат својата огромна човечност, хуманост, желбата за поубаво и подобро заедничко утре. Сето тоа е во интерес на оние кои всушност се и главни тој ден а тоа се децата. „Играме заедно пак„ започнува со многу насмевки, прегратки, радост и среќа а завршува со многу повеќе од се тоа и најмногу за взаемно подарена љубов.

2023

НАЈДОБАР ПРЕС / ПР НАСТАН ЗА 2023

УБАВИНА ШТО НОСИ ПРОМЕНИ

ЊУ МОМЕНТ ЊУ ИДЕАС КОМПАНИ

Со настанот „Убавина што носи промени„ беше одбележано влегувањето на британскиот бренд The Body Shop на македонскиот пазар и отворањето на првтата продавница. Беше составен од дебата на која учествуваа новинари, инфлуенсери и други јавни личности и протестен марш на кој беа пренесени пораки за љубов кон себеси, различните типови убавина, грижа за луѓето, животните и планетата и заштита на животната средина. Концептот беше во согласност со духот на брендот познат по активизам и како генератор на позитивни промени во индустријата и општеството. Настанот беше дел од кампања реализарана на Фејзбук и Инстаграм, на сопствени канали, преку инфлуенсери и веб-медиуми.

2023

НАЈДОБАР САЕМ ЗА 2023

SKOPJE AIR FAIR

АВИКОН

SKOPJE AIR FAIR e воздухопловно-едукативен саем кој веќе традиционално се одржува во Градскиот Парк во Скопје. Овој настан во организација на Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН од Скопје а поддржан од Програмата за Млади и Спорт при Град Скопје, претставува можност сите млади ентузијасти да се сретнат со професионалци од различни сфери на авијацијата. Главната мисија на овој настан е презентирање на професионалните воздухопловни опции како во државата така и во поширокиот регион. Наменет е за средношколци и студенти а презентери се сите воздухопловни институции од државата и секако воздухопловни институции од регионот. 

2023

НАЈДОБАРА БРЕНД АКТИВАЦИЈА ЗА 2023

ХАЈНЕКЕН 150 DJ ЗА 150 ГОДИНИ НЕЗАБОРАВНИ ИСКУСТВА

ПУБЛИЦИС ГРУП

Веќе 150 години Heineken ја живее визијата на сопственикот Freddy Heineken кој знаел да каже: „Ние не продаваме пиво, ние продаваме добра забава и незаборавни искуства„.
И кај нас, Хајнекен бил отсекогаш дел од секоја добра журка, секој настан, гостувања на познати DJ-и, и секое излегување. И затоа, како да се прослави 150 роденден на Хајнекен, ако не со голема и уникатна забава која го отсликува неговиот светски, возбудлив и забавен карактер. 150 DJ-и за 150 години незаборавни искуства – целодневна забава која на едно место ја собра целата локална електронска, хип хоп, сцена со 150 DJ-и , 13 часа забава и безброј незаборавни доживувања.

2023

НАЈДОБАР САМИТ, КОНГРЕС ИЛИ КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА 2023

КОНФЕРЕНЦИЈА „ЧУВАРИ НА МУДРОСТА“

МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ЕФЕКТИВА

На 31 март во Скопје се одржа првата конференција „Чувари на мудроста“ на која говореа успешни стопанственици, уметници, културни работници, професори, новинари. Тие дискутираа на интересни теми за значењето на професионалната надградба и кариерниот развој, економијата, претприемништвото, значењето на културната едукација. 
Целната публика беа пред сè млади луѓе, младински граѓански организации, студенти, млади претприемачи, млади дизајнери, културни работници итн. 
Конференцијата се одвиваше во три дела, односно три панели: економија, култура и комуникации. 
Целта на конференцијата беше да одговори на низа прашања на кои наидуваат младите по патот на градењето на професионалната кариера. Да придонесе за поквалитетен развој во областите во кои делуваат. 
Мудроста, искуството и успехот кои ги дефинираa панелистите отворија низа прашања и одговори важни за сечиј развој. 

Scroll to Top