2023

2023

НАЈДОБАР КОРПОРАТИВЕН НАСТАН ЗА 2023

ENTER THE RED – ВЛЕЗИ ВО ЦРВЕНОТО

ЊУ МОМЕНТ ЊУ ИДЕАС КОМПАНИ

„Влези во црвеното„ е името на агенциската забава која ЊУ момент ја организираше за да заокружи 30 години од своето постоење, и како и секој јубилеен роденден се обидовме да погледнеме назад кон она што сме го оставиле како креативна, забавна, духовита работа но не само за неколку години туку цели три децении. Ова беше нашето ретро видување за тоа што значело да се биде храбар и надвор од црно-белото гледање на работите во различни декади, да се додаде црвеното – духот, и што е она на кое јавноста, луѓето од адвертајзинг индустријата, па и ние самите со задоволство се сеќаваме.

2023

НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ ЗА 2023

ЗИМСКА ПРИКАЗНА

ОПШТИНА БИТОЛА

„Зимска приказна„ се реализира како предновогодишна културно-туристичка атракција, со целодневна програма во 10 дена, на повеќе локации: Старата чаршија, Офицерски дом, Широк сокак и врвот Пелистер. Програмата вклучува концерти на отворено, локални изведувачи, и „новогодишни базари„, со цел поддршка на локалната економија, промоција на автентичните традиционални производи, како и прекрасна анимација за најмладите. Зимска приказна започна на 23.12.2023 а програмскиот концепт беше заокружен со настанот „Први на први„ и полноќното искачување на Пелистер. Зимска приказна е фестивал со над 300 часови активна програма, 62 проекти и над 2.000 учесници.

2023

НАЈДОБАР КУЛТУРЕН / МУЗИЧКИ НАСТАН ЗА 2023

ХАЈНЕКЕН 150 DJ ЗА 150 ГОДИНИ НЕЗАБОРАВНИ ИСКУСТВА

ПУБЛИЦИС ГРУП

Веќе 150 години Heineken ја живее визијата на сопственикот Freddy Heineken кој знаел да каже: „Ние не продаваме пиво, ние продаваме добра забава и незаборавни искуства„.
И кај нас, Хајнекен бил отсекогаш дел од секоја добра журка, секој настан, гостувања на познати DJ-и, и секое излегување. И затоа, како да се прослави 150 роденден на Хајнекен, ако не со голема и уникатна забава која го отсликува неговиот светски, возбудлив и забавен карактер. 150 DJ-и за 150 години незаборавни искуства – целодневна забава која на едно место ја собра целата локална електронска, хип хоп, сцена со 150 DJ-и , 13 часа забава и безброј незаборавни доживувања.

Scroll to Top