НАЈДОБАР НАСТАН НА ДРЖАВНА/ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА

НАЈДОБАР НАСТАН НА ДРЖАВНА/ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА

2024

НАЈДОБАР НАСТАН НА ДРЖАВНА/ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА ЗА 2024

МЕЃУНАРОДНА РЕГУЛАТОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ИДЕА ПЛУС 360° КОМУНИКАЦИИ

Меѓународната регулаторна конференција на Агенцијата за електронски комуникации е водечки настан во регионот кој ги поврзува врвните експерти, регулаторни тела и индустриски лидери во сферата на електронските комуникации.
Во 2024 година, конференцијата направи исклучителен исчекор во дигитализацијата, бидејќи за првпат во својата историја беше целосно модерирана од вештачка интелигенција. Овој пионерски пристап донесе револуционерно искуство, поставувајќи нов стандард за конференции од ваков тип.
Компанијата ИДЕА Плус 360° Комуникации беше одговорна за целокупната организација, продукција и логистика на конференцијата, при што обезбеди беспрекорна изведба и врвен Квалитет.

2022

НАЈДОБАР НАСТАН НА ДРЖАВНА/ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА ЗА 2022

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ БИТОЛА

НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА БИТОЛА

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови„ е воспоставен во 1071 година и во 2022 го имаше своето 52-ро издание. Тој е категоризиран како меѓународен фестивал на традиционална музика и игра од национален интерес.
Фестивалот е единствен во РС македонија кој поседува сертификат за меѓународен фестивал и е член на ЦИОФФ – Меѓународен совет на организации и фолклорни фестивали, кој е официјален партнер на УНЕСКО.
Фестивалот ги спроведува принципите и стандардите на ЦИОФФ како и целите на УНЕСКО во областа на традиционалната култура.
Основната мисија на фестивалот е заштита ни промоција на мешународното и домашното нематеријално културно наследство преку танцот, музиката, обичаите и другите уметности со цел да се зачуваат културните идентитети низ светот.

Scroll to Top