2023

СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА 2023

АЕРОМИТИНГ „100 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА АВИЈАЦИЈА“

АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ

Аеромитинг по повод 100 години постоење на Аероклуб Скопје и воедно 100 години Македонска авијација. 
30.000 посетители уживаа во акробатско летање на 39 авиони кои правеа прелети во група и низок прелет на патнички авион. Падобранците го развеаа најголемото државно знаме влечено со падобран. 
Покрај акробатските летови учествуваа и хероите на летните пожари со трите Air Tractor, владиниот авион, полициски и воени хеликоптери… 
Специјални гости беа Мигови и Ласти на Српската војска, тимот на The Flying Bulls и Светскиот акробатски шампион Роман Фхал. 
На аеромитингот беше изложен и единствениот Македонски воздухоплов дизајниран и произведен од членови на Аероклубот, наречен „Илинденка“. 
Учествуваа и 70 волонтери, 10 пожарникари, две екипи на Прва помош, екипа на Црвен крст и 50тина припадници на безбедносните структури. 
Беа присутни 60 новинари и фотографи и 167 вести во различни медиумски формати беа објавени во периодот на подготовката и после настанот.