2024

НАЈДОБАР КУЛТУРЕН НАСТАН ЗА 2024

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ХИП ХОП

ПИПЛ МЕДИА

Македонија имаше ретка можност дa организира две светски првенства во иста година (ХипХоп и Латино). 
Реализацијата на Светско првенство во ХипХоп 2024 кое се одржа во СЦ Борис Трајковски, беше круна на работата на клубот БрејкАЛег, кој во функција на организатор ја доби довербата од Светската танцова федерација, Скопје повторно да биде домаќин на едно значајно натпреварување на кое учество земаа 5,020 натпреварувачи од 35 земји од светот. 
Пипл Медиа како дел од организацијата и официјален медиумски партнери за IDO HipHop World Championship2024 во Скопје, успешно ја реализираше својата медиумска експертиза од светска класа во реализацијата на еден ваков настан.