2022

2022

НАЈДОБАР САМИТ, КОНГРЕС ИЛИ КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА 2022

ПИН КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАСВОРД ПРОДАКШН

ПИН е единствена меѓународна музичка конференција и изложбен фестивал на територијата на Македонија. Од првото издание во 2012 година, ПИН е дел од офф-програмата на Таксират Фестивал и има за цел да ги постави домашната и регионалната музичка сцена на светската мапа, воедно претставувајќи ги кај нас европските артисти во подем, најдобрите практики и новитетите, важни за културниот развој на Македонија. Конференцијата веќе има изградено своја заедница на врвни професионалци од музичката индустрија низ цела Европа и постојано расте, а во 2022 ја доби наградата „Најдобар нов настан“ од страна на реномираниот британски фестивал „Грејт Ескејп“.

2022

НАЈДОБАР КОРПОРАТИВЕН НАСТАН ЗА 2022

СТО ГОДИНИ ПИВАРА СКОПЈЕ

МЕККЕН СКОПЈЕ

Настанот по повод одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на Пивара Скопје ја истакна исклучителната различност, креативност и иновативност што е активно присутна во работењето на Пивара Скопје од нејзините почетоци до денес. За првпат на овие простори направивме мултимедијален перформанс во кое минатото и сегашноста ги споивме во уникатна аудио визуелна приказна која на автентичен начин ги пренесува сите важни моменти во развојот на оваа компанија низ годините. Моментот на изненадување не изостана поради фактот што емитувањето беше изведено на огромни површини кои се дел од објектот на НОБ.

2022

НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ ЗА 2022

ТАКСИРАТ

ПАСВОРД ПРОДАКШН

Таксират Фестивал – приказна започната во 1999 година, која веќе 25 години има исклучително значајна улога во изградбата на „ново“ и подобро Скопје. Од скромни почетоци, денес на сцената на Таксират настапуваат големи светски и регионални музички ѕвезди, но фестивалот сè уште не ја преминува границата на комерцијален меинстрим и успева да го задржи својот оригинален мотив што е цврсто заснован на идеалите и вербата во значењето на контракултурата.

2022

НАЈДОБАР КУЛТУРЕН / МУЗИЧКИ НАСТАН ЗА 2022

Д ФЕСТИВАЛ

ПАСВОРД ПРОДАКШН

Во 2011 година, Д Фестивал беше реакција на Пасворд Продакшн кон недостаток на фестивали од овој тип во Македонија, а кој денес е најголемиот и најомилениот летен фестивал кај нас – симбол на заедништвото, дружбата и љубовта. Во срцето на Дојран, токму таа, љубовта, е основниот двигател и мотив на повеќе од 15000 присутни на овој единствен мултимедијален феномен. Тридневна прослава која е магнет за стотици интернационални, регионални и локални артисти на секое издание.

Scroll to Top