ABILITY AWARDS
АБИЛИТИС НЕТ
ABILITY AWARDS е уникатен настан кој ги слави и наградува достигнувањата во инклузијата и различноста. Организиран на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, оваа гала вечер истакна 40 лица со попреченост, а награди 20 добитници, вклучувајќи 10 лица со попреченост и 10 компании и институции во различни категории, кои се залагаат за инклузивност и еднакви можности. Овој ИМПАКТ настан претставува платформа каде што водечките бизнис лидери, дипломати, и инспиративни членови на заедницата се собраа за да оддадат признание на најдобрите практики во корпоративната социјална одговорност и инклузија, пред 340 избрани гости. Настанот беше сниман од МРТВ, а стримуван во живо од МИА. Беа повикани и присуствуваа 10 амбасадори, 3 министри, 2ца заменици министри, членови од протоколот на претседателката Гордана Сињановска Давкова, бизнис лидери, лица со попреченост.
