НАЈДОБАР МУЗИЧКИ НАСТАН ЗА 2024

100 ГОДИНИ СКОПСКО

ПУБЛИЦИС ГРУП

Цели 100 години, Скопско е пиво кое се сака и се пие во секое ќоше од нашата земја. Па од таму следува прашањето како да се прослави големата стотка ако не со незаборавна и уникатна забава што го носи препознатливиот дух на Скопско низ цела Македонија. Така настана Скопско Караванот. Незаборавно музичко искуство во 8 градови со 15 настани и 200 македонски музичари. Публиката уживаше во иновации како првата интерактивна Скопско гајба, дигитално Скопско шише, мини музеј, вкусна храна и многу ладно пиво. Првото Скопско дрон шоу, најголемата здравица, видео мапинг и тунелот од ласери заедно со специјалната стена на главниот настан создадоа уникатно искуство што ги обедини сите генерации. Скопско караванот за големата стотка го посетија неверојатни 100.000 посетители. Настанот успешно ја зголеми видливоста на брендот и најважно донесе многу забава во секој град што го посети! 

Scroll to Top