+389 ( 0) 75 211-306 info@beamfestival.mk

ГИ ИЗБИРАМЕ НАЈДОБРИТЕ ВО

15 КАТЕГОРИИ

1. НАЈДОБАР КУЛТУРЕН/МУЗИЧКИ НАСТАН

Културни или музички настани кои вклучуваат јавен ангажман, носат културни и естетски вредности и пораки, како и настани кои имаат елементи на шоу, забава (на пр. концерти, изложби, театарски претстави, танц, перформанси, мултимедијални настани)

2. НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ

Културни, музички или уметнички фестивали, настани кои се одржуваат годишно или повремено и кои се препознати во јавноста по својата традиција

3. НАЈДОБАР КОРПОРАТИВЕН НАСТАН

Секој деловен настан наменет за остварување на цели на компанијата (наградување, ангажирање или едукација на вработени, партнери, акционери или клиенти) како што се на пример конференции, семинари, годишни состаноци, корпоративни забави, прослави, награди итн.

4. НАЈДОБАР САМИТ, КОНГРЕС ИЛИ КОНФЕРЕНЦИЈА

Едукативни и научни состаноци, собири, семинари, за презентирање и дискусија за одредена тема од заеднички интерес насочена кон публика различна од организаторот.

5. НАЈДОБАР НАСТАН ЗА БРЕНД АКТИВАЦИЈА / ПРОМОЦИЈА НА НОВ ПРОИЗВОД ИЛИ УСЛУГА

Настани кои ја слават уметноста на давање на живот на брендовите, преку кои брендот се промовира и се поврзува директно со потрошувачите. Настани на кој главната цел им е лансирање или промоција на бренд, производ или услуга.

6. НАЈДОБАР ЕКСПО (САЕМ) НАСТАН

Сите видови саеми, вклучително и тематски саеми како што се саеми за уметност и занаетчиство, саеми за храна, саеми на книги, божиќни саеми, саеми за кариера, универзитетски саеми итн.

7. НАЈДОБАР ПРЕС / ПР НАСТАН

Настани конкретно наменети за новинари или влијателни личности, како што се прес-конференции, прес-презентации, настани наменети за креирање на содржини за традиционалните или современите медиуми.

8. НАЈДОБАР НВО НАСТАН

Настани кои покриваат општествени прашања, се организираат за јавно добро и се со непрофитни цели.

9. НАЈДОБАР НАСТАН НА ДРЖАВНА/ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА

Настани организирани од јавни институции (на пр., локални самоуправи, градски совети, влада, итн.), како што се културни настани, фестивали, конференции, државни настани итн.

10. НАЈДОБАР СПОРТСКИ НАСТАН

Спортски настани фокусирани на спортот, комбинирани со шоу и забава на оригинален и привлечен начин.

11. НАЈДОБРА АГЕНЦИЈА (БТЛ) ЗА НАСТАНИ

Компании и агенции чиј фокус се настаните и нивната организација.

12. НАЈДОБРА РЕНТАЛ КОМПАНИЈА

Компании за озвучување, осветлување, видео проекции и друга техничка опрема Категорија посветена на магионичарите кои можат да ја трансформираат секоја сала или место за одржување на настан 

13. НАЈДОБРА КОМПАНИЈА ЗА ВИДЕО ПОДДРШКА НА НАСТАНИ

Видео продукции и агенции кои во својата организација имаат сектор за видео продукција и кои нудат видео записи и техничка поддршка на настаните (3Д мапинг , видео анимации, графики, видео стримови, live production)

14. НАЈДОБАР ДОБАВУВАЧ

Компании за кетеринг, декорирање, цветни аранжмани, технички и други иновативни и модуларни елементи за настани, обезбедување и други добавувачи без кои настаните не би биле комплетни

15. НАЈДОБРА ЛОКАЦИЈА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ

Хотели, клубови, сали, концертни сали и останати капацитети кои се „домаќини„ на настаните.