+389 ( 0) 75 211-306 info@beamfestival.mk

ЖИРИ

Ана Зафирова

Фриленс новинарка и Експертка по комуникации

Анета Андонова

Одговорен уредник на Прв Програмски серис, МРТ 1

Билјана Колемишевска

Маркетинг, Комуникации и ПР, М Кар Македонија

Борис Ефтимовски

Основач на Маркетинг365

Ванчо Богев

Дипломиран Продуцент, Директор на Ј.У. МКЦ

Вардан Тозија

филмски и ТВ режисер

Виолета Симјановска

Шеф на одделот за менаџмент во културата на Sibelius Академијата, UNIARTS, Финска

Дејан Пројковски

режисер

Душан Марковиќ

Корпоративен маркетинг и ПР Директор – Малиќи Груп

Емилија Зогравска

експерт за корпоративни комуникации во А1 Македонија

Златко Панков

основач на Панекс

Ива Дујак

Главен оперативен директор во Brand Union

Коста Петров

Основач и Извршен директор, Пи Ворлд

Рисима Рисимкин

Кореограф, Уметнички директор на Танц Фест Скопје и Скопје танцов театар, Декан на Филмска академија

Марта Наумовска Грнарова

Генерален менаџер, Завар

Мите Димовски

Артист, Композитор,Музички продуцент

Љупчо Јолевски

новинар

Милчо Александров

Дизајнер на светло

Анета Антова Пешева

Ко-сопственик и директор на Ултра/Унет доо Скопје, Претседател на МАСИТ – Комора на ИК технологии, Почесен конзул на Канада во Р.С.Македонија,

Љубомир Николовски

Спортски новинар

НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ

 

Прв круг на елиминација

Во првиот круг членовите на жирито ги разгледуваат доставените пријави и одлучуваат со ДА или НЕ дали пријавата ги исполнува критериумите пропишани со овој Правилник. Доколку апликацијата е регистрирана во погрешна категорија, членовите на жирито немаат можност да предложат промена на категорија, а апликацијата продолжува да се натпреварува во категоријата во која првично е регистрирана. Проектите кои ќе освојат минимални 51% од гласовите на жирито продолжуваат во вториот круг.

Втор круг

Во вториот, селекторски круг од гласањето, жирито ги преиспитува делата што го поминале првиот круг и ги оценува врз основа на следните критериуми:

Во категориите од 1 до 10 клучни при оценувањето ќе бидат следните критериуми:
1. КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАЦИЈА: Креативна идеја која ги следи целите и технолошките
иновации кои го заокружуваат доживувањето на настанот – 20 бода
2. ИЗВЕДБА: Како организаторот постигнал добро физичко и емотивно опкружување
неопходни за привлекување и ангажман на публиката и одржување на настанот. Се ценат сите дополнителни елементи како што се учесници, амбиент, технички елементи, забава, уметнички аспекти, дигитални алатки, технологија, техничка опрема, одржливост – 20 бода
3. ЕФЕКТИВНОСТ: Исполнување и постигнување на зададените и наведени цели, како што се на пр. општествени, културни, спортски, финансиски резултати или други придобивки – 20 бода
4. КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА: Стратегија и канали за комуникација; применети повеќе канали во стратегијата на настанот и неговото влијание според целите – 10 бода
5. СЕВКУПЕН КВАЛИТЕТ: Целосен квалитет на настанот, особено во споредба со буџетот и со конкурентите во истата категорија – 20 бода
6. РЕЗУЛТАТИ: Додадена вредност на настанот (на пр., поедноставување
традиционалните процеси и, на тој начин, оптимизирање на ресурсите) – 10 бода

Во категориите од 12 до 15 клучни при оценувањето ќе бидат следните критериуми:
1. КВАНТИТЕТ И РАЗНОВИДНОСТ НА НАСТАНИТЕ – број на настани во 2022 година (во живо и виртуелно), цели, буџети, големина и опсег на настаните – 30 бода
2. ТЕХНИЧКИ / ПРОСТОРНИ КАПАЦИТЕТИ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ НА НАСТАНИТЕ И ОРГАНИЗАТОРИТЕ – кои се техничките или просторни и човечки капацитети со кои компанијата располага и како тоа влијае на создавање на дополнителна вредност кај настаните и клиентите – 30 бода
3. ЗАДОВОЛСТВО НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ/КЛИЕНТИТЕ – реализација на концепти, исполнување на зададени цели и повратни информации од клиентите – 20 бода
4. ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ / УСЛУГИ – кои иновации и дополнителни услуги или погодности ги нуди компанијата како најдобар понудувач на пазарот – 20 бода

Збирот на оценките според овие критериуми се собира и се дели со шест или четири. Конечниот резултат за секој финалист е просечната оценка изведена од гласањето на сите членови на жирито за секоја категорија поединечно.
Победник во категоријата е апликацијата која освоила најголем број поени во категоријата. Доколку два настани имаат ист број на поени, членовите на жирито пристапуваат кон гласање со ДА или НЕ.
Повторување на гласањето ќе биде дозволено со одлука само доколку постојат основани сомневања дека имало неправилност или недоразбирање на процесот на гласање за одредени категории.
Организаторот на БЕАМ ќе одреди верификациона комисија составена од 5 члена која ќе биде задолжена за сублимирање на сите резултати и оцени при гласањето.
Победниците во секоја категорија остануваат целосно тајни (дури и за членовите на жирито) до нивното објавување на свечениот настан на БЕАМ.

КРИТЕРИУМИ ЗА РАБОТА НА ЖИРИ КОМИСИЈАТА
1. Оценувањето на пријавените проекти се одвива самостојно од страна на секој член на жирито.
2. Поединечното гласање и оценките на членовите на жирито се тајна.
3. Секој член на жирито ги оценува пријавените проекти независно и суверено, во согласност со професионалното знаење, углед, авторитет и интегритет. Членовите на Жирито не смеат да ја доведуваат во прашање одлуката или гласовите на своите колеги, ниту да влијаат на одлуката на другите членови на жирито на кој било начин, писмено или усно. Доколку член на жирито се обиде на кој било начин да влијае на гласањето на остатокот од жирито, веднаш ќе биде исклучен од понатамошниот тек на оценување, а одлуката за неговото/нејзиното исклучување ќе биде јавно објавена.
4. Организаторот нема можност да влијае на гласањето на членовите на жирито, ниту да ги предлага или дисквалификува пријавените проекти. Одлуката за тоа кои настани ќе ги добијат наградите носат исклучиво членовите на жирито.
5. Доколку член на жирито по било кој основ е поврзан со пријавена апликација за настан или услуга, било да е директен учесник, претставник на Клиентот или на било кој начин учествувал во реализацијата на тој настан ќе биде изземен од оценувањето на таа апликација. Доколку жирито се состане и разговара за апликациите, членот на жирито нема да присуствува на дискусијата по односната апликација.
6. Доколку подоцна се утврди дека наградениот настан ги прекршил правилата за конкуренција, законските и етичките норми, наградата ќе биде одземена, а информациите за тоа ќе бидат проследени до целата јавност.