+389 ( 0) 75 211-306 info@beamfestival.mk

ЖИРИ

Ана Зафирова

Фриленс новинарка и Експертка по комуникации

Анета Андонова

Одговорен уредник на Прв Програмски серис, МРТ 1

Борис Ефтимовски

Основач на Маркетинг365

.Бранко Илиевски

Спортски новинар

Василка Салевска Трајкова

PhD - Mенаџер за екстерни прашања, Philip Morris International

Вардан Тозија

филмски и ТВ режисер

Дејан Пројковски

режисер

Душан Марковиќ

Корпоративен маркетинг и ПР Директор – Малиќи Груп

Коста Петров

Основач и Извршен директор, Пи Ворлд

Кире Синадиновски

Директор на Tag Timing / Скопски Маратон

Лара Чашуле

Директор за сервис на клиенти во Меккен Скопје

Марта Наумовска Грнарова

Генерален менаџер, Завар

Милчо Александров

Дизајнер на светло

Мите Димовски

Артист, Композитор,Музички продуцент

Маја Наумовска Савеска

Директор на корпоративни и маркетинг комуникации, Халкбанк

Наташа Божиновска Миркова

Извршен директор на Represent Communications за Македонија

Огнен Јанески

ТВ лице, автор, модератор и меѓународен консултант

Рисима Рисимкин

Кореограф, Уметнички директор на Танц Фест Скопје и Скопје танцов театар, Декан на Филмска академија

Тони Димков

Новинар

Татјана Лопарски

Сопственик и извршен директор на Елемент ПР

НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ

Прв круг на елиминација
Во првиот круг членовите на жирито ги разгледуваат доставените пријави и одлучуваат со ДА или НЕ дали пријавата ги исполнува критериумите пропишани со овој Правилник. Проектите кои ќе освојат минимални 51% од гласовите на жирито продолжуваат во вториот круг. Доколку апликацијата е регистрирана во погрешна категорија, членовите на жирито немаат можност да предложат промена на категорија, а апликацијата продолжува да се натпреварува во категоријата во која првично е регистрирана.

Втор круг
Во вториот финален круг од гласањето, жирито ги преиспитува апликациите на финалистите и ги оценува врз основа на следните критериуми:

Во категориите од 1 до 10 клучни при оценувањето ќе бидат следните критериуми:
1. КРЕАТИВНОСТ: Опис на креативната идеја на настанот и процесот на реализација / од креативна идеја до конкретни решенија – 20 бода
2. ИЗВЕДБА: Како организаторот постигнал физички и емотивен амбиент неопходен за привлекување и вклучување на публиката и одржување на настанот. Се ценат сите дополнителни елементи како што се учесници, амбиент, технички елементи, забава, уметнички аспекти, дигитални алатки, технологија, техничка опрема, одржливост – 20 бода
3. ЕФЕКТИВНОСТ: Исполнување и постигнување на зададените и наведени цели, како што се на пр. општествени, културни, спортски, финансиски резултати или други придобивки – 20 бода
4. КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА: Стратегија и канали за комуникација; применети повеќе канали во стратегијата на настанот и неговото влијание според целите – 10 бода
5. СЕВКУПЕН КВАЛИТЕТ: Целосен квалитет на настанот, особено во споредба со буџетот и со конкурентите во истата категорија – 20 бода
6. РЕЗУЛТАТИ: Крајна оценка и додадена вредност на настанот (на пр. задоволство на публиката /консументите / клиентот, медиумска застапеност, економски или бизнис придобивки) – 10 бода


Во категориите од 11 до 15 клучни при оценувањето ќе бидат следните критериуми:

1. КВАНТИТЕТ И РАЗНОВИДНОСТ НА НАСТАНИТЕ – број на настани во 2023 година (во живо и виртуелно), цели, буџети, големина и опсег на настаните – 30 бода
2. КАПАЦИТЕТИ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ НА НАСТАНИТЕ И ОРГАНИЗАТОРИТЕ – кои се техничките, просторни или човечки капацитети со кои компанијата располага и како тоа влијае на создавање на дополнителна вредност кај настаните и клиентите – 30 бода
3. ЗАДОВОЛСТВО НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ/КЛИЕНТИТЕ – реализација на концепти, исполнување на зададени цели и повратни информации од клиентите – 20 бода
4. ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ / УСЛУГИ – кои иновации и дополнителни услуги или погодности ги нуди компанијата како најдобар понудувач на пазарот – 20 бода

Збирот на оценките според овие критериуми се собира и се дели со шест или четири. Конечниот резултат за секој финалист е просечната оценка изведена од гласањето на сите членови на жирито за секоја категорија поединечно.
Победник во категоријата е апликацијата која освоила најголем број поени во категоријата. Доколку два настани имаат ист број на поени, членовите на жирито пристапуваат кон гласање со ДА или НЕ.
Повторување на гласањето ќе биде дозволено со одлука само доколку постојат основани сомневања дека имало неправилност или недоразбирање на процесот на гласање за одредени категории.
Организаторот на БЕАМ ќе одреди верификациона комисија составена од 5 члена која ќе биде задолжена за сублимирање на сите резултати и оцени при гласањето.
Победниците во секоја категорија остануваат целосно тајни (дури и за членовите на жирито) до нивното објавување на свечениот настан на БЕАМ.


КРИТЕРИУМИ ЗА РАБОТА НА ЖИРИ КОМИСИЈАТА

1. Оценувањето на пријавените проекти се одвива самостојно од страна на секој член на жирито.
2. Поединечното гласање и оценките на членовите на жирито се тајна.
3. Секој член на жирито ги оценува пријавените проекти независно и суверено, во согласност со професионалното знаење, углед, авторитет и интегритет. Членовите на комисијата не смеат да ја доведуваат во прашање одлуката или гласовите на своите колеги, ниту да влијаат на одлуката на другите членови на жирито на кој било начин, писмено или усно. Доколку член на жирито се обиде на кој било начин да влијае на гласањето на остатокот од жирито, веднаш ќе биде исклучен од понатамошниот тек на оценување, а одлуката за неговото/нејзиното исклучување ќе биде јавно објавена.
4. Организаторот нема можност да влијае на гласањето на членовите на жирито, ниту да ги предлага или дисквалификува пријавените проекти. Одлуката за тоа кои настани ќе ги добијат наградите носат исклучиво членовите на жирито.
5. Доколку член на жирито по било кој основ е поврзан со пријавена апликација за настан или услуга, било да е директен учесник, претставник на Клиентот или на било кој начин учествувал во реализацијата на тој настан ќе биде изземен од оценувањето на таа апликација. Доколку жирито се состане и разговара за апликациите, членот на жирито нема да присуствува на дискусијата по односната апликација.
6. Доколку подоцна се утврди дека наградениот настан ги прекршил правилата за конкуренција, законските и етичките норми, наградата ќе биде одземена, а информациите за тоа ќе бидат проследени до целата јавност.