+389 ( 0) 75 211-306 info@beamfestival.mk

 ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА

1. Организатор на БЕАМ Фестивалот е Асоцијацијата на ивент индустрија Скопје ИВАП.
2. Апликациите мора да се однесуваат за настаните кои се одржале во календарската 2023 година (01.01.2023 – 31.12.2023).
3. Пријавените настани може да бидат комерцијални или некомерцијални, организирани од правни лица од индустријата за настани со седиште во Република Македонија, вклучувајќи агенции за настани, односи со јавноста, комуникации, промоции, рекламирање и веб-агенции, рентал агенции, корпорации, државни или локални институции, здруженија, невладини и непрофитни организации, угостителски капацитети, итн.
4. Секој настан/компанија може да биде пријавен во една или повеќе категории.
5. Контакт информациите на клиентот мора да бидат наведени во пријавата. Организаторот го задржува право на контакт со клиентот, доколку е потребно.
6. Пријавите нема да се сметаат за целосни се додека не се комплетираат сите потребни чекори (достава на Апликација, дополнителен материјал, изјава на апликантот и клиентот и уплата на котизација) во согласност со роковите за пријавување.
7. Еднаш поднесена пријава не може да биде повлечена или откажана.
8. Не се прифатливи замени или дополнувања на веќе поднесена пријава. Проектите со нецелосна пријава или неплатена котизација нема да влезат во конкуренција.
9. Македонскиот јазик е официјален на БЕАМ, и сите доставени материјали кои се на различен јазик од македонскиот мора да бидат преведени и/или титлувани.
10. Целиот материјал потребен за аплицирање и плаќањето на котизацијата мора да бидат примени до 19 февруари 2024 до 23:59 часот.
11. Организаторот го задржува правото за промена на роковите без да дава образложение за истото
12. Секој апликант задолжително мора да обезбеди писмена потврда дека клиентот/компанијата се согласува да учествува на БЕАМ.
13. За време на церемонијата, наградата ќе биде доделена само на кандидатот што ја поднел апликацијата и ја платил котизацијата, без оглед на бројот на организатори наведени во формуларот за регистрација на настанот.
14. Апликантот гарантира дека сите материјали кои ќе ги достави се негова сопственост и немаат никакви оптоварувања од трети лица.
15. Апликантот се согласува да ги преземе на свој трошок сите евентуални побарувања што би произлегле од страна на трети лица кон Организаторот
16. Апликантот се согласува дека Организаторот на БЕАМ има право да ја оценува нивната апликација и доставените материјали и да прогласат победник во одредена категорија
17. Апликантот се согласува дека доколку влезе во потесниот избор за награда, ќе обезбеди претставник за да присуствува на церемонијата на доделување за да ја прими наградата ако евентуално е победник.
18. Доколку Апликантот не испрати претставник на настанот, но е прогласен за победник, организаторите го задржуваат правото, за победник да го прогласат второрангираниот на листата во соодветната категорија а чиј претставник е присутен на церемонијата
19. Апликантот кој освоил награда, му дава дозвола на Организаторот да ги користи доставените фотографии, видео, звук, пишан и друг материјал за промовирање на БЕАМ и наградите
20. Организаторот го задржуваат правото да не се додели награда во одредена категорија а по претходна консултација со жири комисијата
21. Спонзорска или партнерска компанија не може да се натпреварува во категоријата што ја спонзорираат.
22. Добитниците на наградите можат во рамки на сопствените промотивни цели да наведуваат дека се победници со задолжително јасно наведување на логото и името на фестивалот, категоријата и годината во која победиле
23. Сите добитници на награди ќе бидат јавно објавени по доделувањето на веб страната на БЕАМ www.beamfestival.mk и на социјалните мрежи на БЕАМ.
24. Со самото аплицирање на БЕАМ, апликантите се согласни да ги почитуваат условите и конечните одлуки на жирито. Организаторот го задржува правото да ги користи и објавува учесниците и нивните имиња онлајн, во печатот или на кој било друг начин и во врска со овој настан. Сите апликации регистрирани на БЕАМ ќе бидат јавно објавени од организаторите.
25. Прифаќањето на овие услови е дозвола за организаторот да користат имиња и материјали за едукативни и промотивни цели без дополнителни трошоци. Учеството на БЕАМ учесниците ги ослободуваат организаторите од каква било одговорност или повреда на авторските или сродните права.