ПОБЕДНИЦИ 2023
НАЈДОБАР МУЗИЧКИ НАСТАН ЗА 2022
Д ФЕСТИВАЛ
ПАСВОРД ПРОДАКШН
Во 2011 година, Д Фестивал беше реакција на Пасворд Продакшн кон недостаток на фестивали од овој тип во Македонија, а кој денес е најголемиот и најомилениот летен фестивал кај нас – симбол на заедништвото, дружбата и љубовта. Во срцето на Дојран, токму таа, љубовта, е основниот двигател и мотив на повеќе од 15000 присутни на овој единствен мултимедијален феномен. Тридневна прослава која е магнет за стотици интернационални, регионални и локални артисти на секое издание.
НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ ЗА 2022
ТАКСИРАТ
ПАСВОРД ПРОДАКШН
Таксират Фестивал – приказна започната во 1999 година, која веќе 25 години има исклучително значајна улога во изградбата на „ново“ и подобро Скопје. Од скромни почетоци, денес на сцената на Таксират настапуваат големи светски и регионални музички ѕвезди, но фестивалот сè уште не ја преминува границата на комерцијален меинстрим и успева да го задржи својот оригинален мотив што е цврсто заснован на идеалите и вербата во значењето на контракултурата.
НАЈДОБРА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА 2022
ПИН КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАСВОРД ПРОДАКШН
ПИН е единствена меѓународна музичка конференција и изложбен фестивал на територијата на Македонија. Од првото издание во 2012 година, ПИН е дел од офф-програмата на Таксират Фестивал и има за цел да ги постави домашната и регионалната музичка сцена на светската мапа, воедно претставувајќи ги кај нас европските артисти во подем, најдобрите практики и новитетите, важни за културниот развој на Македонија. Конференцијата веќе има изградено своја заедница на врвни професионалци од музичката индустрија низ цела Европа и постојано расте, а во 2022 ја доби наградата „Најдобар нов настан“ од страна на реномираниот британски фестивал „Грејт Ескејп“.
НАЈДОБАР САЕМ ЗА 2022
СКОПЈЕ ВИСКИ ФЕСТ
БОТТЕГА ЕВЕНТИ
Фестивалите на кои се промовира културата на дегустирање на виски се практика во сите светски метрополи. Во 2019 година и Скопје се зацрта на мапата на градови кои имаат виски фестивали со првиот Skopje Whiskey Fest во организација на Боттега Евенти. Второто пост-пандемиско издание се одржа на 28-29 октомври 2022 година во хотел Мериот.
На Скопје Виски Фест 2022 посетителите дегустираа над 75 етикети на виски, над 35 различни виски брендови од различни светски дестилерии, стручно и професионално презентирани од скоро сите дистрибутери и застапници кај нас. На едно место можеше да се пробаат шкотски вискија, американски бурбони, ирски и јапонските вискија и да се разговара и едуцира за вискито, едноставно да се навлезе во светот на овој пијалак уживајќи во пријатниот амбиент на фестивалот.
НАЈДОБАР КОРПОРАТИВЕН НАСТАН ЗА 2022
СТО ГОДИНИ ПИВАРА СКОПЈЕ
МЕККЕН СКОПЈЕ
Настанот по повод одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на Пивара Скопје ја истакна исклучителната различност, креативност и иновативност што е активно присутна во работењето на Пивара Скопје од нејзините почетоци до денес. За првпат на овие простори направивме мултимедијален перформанс во кое минатото и сегашноста ги споивме во уникатна аудио визуелна приказна која на автентичен начин ги пренесува сите важни моменти во развојот на оваа компанија низ годините. Моментот на изненадување не изостана поради фактот што емитувањето беше изведено на огромни површини кои се дел од објектот на НОБ.
НАЈДОБАРА БРЕНД АКТИВАЦИЈА ЗА 2022
SCHWEPPES MIXOLOGY
МЕККЕН СКОПЈЕ
Градење премиум позиција на брендот, зајакнување на имиџот и истакнување на неговата релевантност во миксологијата како концепт, преку организирање серија настани обединети со мотото ‘’Schweppes миксологија’’. Во текот на декември минатата година, токму пред Новогодишните празници, Schweppes еуофријата го зазеде главниот град. Се започна со настани во кафулиња, after work забави во приватни компании, потоа првата #Schweppes специјализирана конференција за бармени „Behind the bar“ за да кулминира со екслузивен настан во Музеј на Град Скопје кои ги обедини сите љубители на добрата забава, новите доживувања и уникатните Schweppes коктели.
НАЈДОБАР НАСТАН ЗА ПРОМОЦИЈА НА НОВ ПРОИЗВОД ЗА 2022
ОМЕГА ДЕНОВИ
БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ
Настанот “Omega days” беше организиран како „Secret location“ коктел за промоција на нова колекција на Омега часовници пред лојални клиенти на Божиновски часовници и накит. Настанот беше организиран од Божиновски часовници и накит.
За тајна локација беше избрана Националната галерија Чифте Амам сместена во срцето на Скопската чаршија. Оваа галерија е едно од културните богатства на Македонија во која се зачувани голем број артефакти и до овој момент не беше искористена за ваков вид на настан.
На гостите им беа презентирани новитетите на часовниците во мистична атмосфера.
Коктелот беше изработен од вештите раце на кулинарите на Мериот, долгогодишните соработници на Божиновски часовници и накит. Просторот беше исполнет со мистичен и префинет стил со цветни аранжмани и додатоци од Бохо Студио, а збогатен со акустична изведба на нашиот познат уметник на харфа Сара Мејс.
НАЈДОБАР НВО НАСТАН ЗА 2022
ИГРАМЕ ЗАЕДНО
АУТИЗАМ ААМК
Настан „Играме заедно“ одржан на 25.09.2022г на Школка во градски парк Скопје во организација на Аутизам ААМК. Главна цел е зголемување на свесноста за аутизмот, прифаќање, почитување и инклузија на лицата со аутистичен спектар во општеството. Настан богат со многу активности, разновидни игри, ликовно и музичко катче и друго, но најбитно е што сите тие беа инклузивни,. Учество на 50тина фирми и преку 200 волонтери. Настанот покажа и докажа дека сите деца, атипични и типични сакаат да бидат заедно, да другаруваат и растат во едно здраво општество.
НАЈДОБАР НАСТАН НА ДРЖАВНА/ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА ЗА 2022
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ БИТОЛА
НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА БИТОЛА
Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови„ е воспоставен во 1071 година и во 2022 го имаше своето 52-ро издание. Тој е категоризиран како меѓународен фестивал на традиционална музика и игра од национален интерес.
Фестивалот е единствен во РС македонија кој поседува сертификат за меѓународен фестивал и е член на ЦИОФФ – Меѓународен совет на организации и фолклорни фестивали, кој е официјален партнер на УНЕСКО.
Фестивалот ги спроведува принципите и стандардите на ЦИОФФ како и целите на УНЕСКО во областа на традиционалната култура.
Основната мисија на фестивалот е заштита ни промоција на мешународното и домашното нематеријално културно наследство преку танцот, музиката, обичаите и другите уметности со цел да се зачуваат културните идентитети низ светот.
НАЈДОБАР СПОРТСКИ НАСТАН ЗА 2022
ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН
СОЈУЗ НА СПОРТОВИ НА СКОПЈЕ
Виз Ер Скопски маратон е најголемиот спортски настан во Македонија кој во 2022 година го имаше своето 18-то издание со 8700 учесници од 47 земји од целиот свет, поделени во 4 трки (маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5км). Виз Ер Скопскиот маратон веќе години наназад е на мапата на светски маратони за што има и сертификат од АИМС (Меѓународна Асоцијација за маратони и улични трки) и Светска Атлетика, и привлекува голем број странски натпреварувачи со што се зголемува туристичката понуда на Скопје и Македонија. Во изминатите години Виз Ер Скопскиот маратон придонесе за популаризација на трчањето и се поголем број наши граѓани да се бават со трчање, а исто така поттикна во другите градови во Македонија да почнат да се организираат улични трки. Виз Ер Скопскиот маратон е во организација на Сојуз на спортови Скопје, а е помогнат од Град Скопје, Агенција за млади и спорт, Канцеларијата на ЕУ во Скопје и од голем број на компании од државата.
НАЈДОБРА РЕНТАЛ КОМПАНИЈА ЗА 2022
K&Д АУДИО
K&Д АУДИО
K&Д Аудио постои 12 години и веќе успеавме да се позиционираме на пазарот и да изградиме успешни бизнис релации со клиентите пред се поради максималната исполнителност,креативност, прецизност, коректност при исполнувањето на зададените проекти и задачи.
Минатата годинаизработивмеповеќе од 200 настани, концерти на затворено и отворено, големи спортски настани организирани од повеќе спортски федерации. Бевме техничка поддршка на повеќе конференции, и друг тип на настани.
Во 2023 инвестираме во нов лед екран АВА ЛЕД, кој е единствен на нашиот пазар. Планираме и зголемување на светлосните тела од производителот РОБЕ. Остваривме соработка со две поголеми рентал компании од регионот каде нашиот технички тим ќе оди на доусовршување, со што ние ја подобруваме нашата ефикасност безбедност и реализација.
НАЈДОБРА КОМПАНИЈА ЗА ИНОВАТИВНА ВИДЕО ПОДДРШКА НА НАСТАНИ ЗА 2022
МУНЛАЈТ
МУНЛАЈТ ДОО
МУНЛАЈТ ДОО-Тв и филм продукција е основана во 2004 година од страна на тројца партнери, Маја Андреевска, Димитар Сеизов и Дарко Елек. Веќе 19 години расте, го гради и го усовршува својот тим на експерти.
Опремени со најнова HD, 4K и 6K технологија, следејќи ги стандардите за квалитет на слика и звук, поседуваме експертиза во филмска и ТВ продукција, играни, документарни, комерцијални филмови, едукативни видеа, анимации, директен пренос на настани, графички дизајн, ПР и медиумски кампањи.
Нашиот тим вклучува професионалци, како режисери, сценаристи, дир. На фотографија, монтажери, аниматори, графички дизајнери и др. кои оставаат белег во над 4000 успешно реализирани проекти наменети за над 500 задоволни клиенти.
НАЈДОБРА АУТСОРСИНГ КОМПАНИЈА ЗА 2022
О3 ИНВЕСТ
О3 ИНВЕСТ
О3 ИНВЕСТ ДООЕЛ, Скопје, е приватна компанија која обезбедува професионални услуги за организација на настани и изнајмување на опрема за настани.
Нашиот тим од експерти, користејќи ја моќта на знаењето, дигиталната технологија и иновациите, за нашите клиенти обезбедува соодветни и иновативни решенија кои создаваат препознатливи и атрактивни настани кои оставаат силен впечаток кај посетителите.
НАЈДОБРО МЕСТО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА НАСТАНИ ЗА 2022
ФИЛХАРМОНИЈА НА РСМ
ФИЛХАРМОНИЈА НА РСМ
По цели 73 години од своето постоење, Филхармонија на РСМ конечно доби свој дом. Нов музички храм кој ќе почне да испишува и нова историја на најстарата национална музичка институција во земјава. Сместена помешу Државното музичко-балетско училиште „Илија Николовски-Луј„ и македонската опера и балет, современата концертна сала изградена по светските стандарди за тоа како треба да изгледа и да функционира простор наменет за симфониски оркестар, е мелем за очите. Нејзиното издигнување значеше и заокружување на толку неопходната музичка и воопшто уметничка димензија на градот.